Фудбалерите на Фламенго до титулата во Копа Либвертадорес дојдоа благодарение на спектакуларниот пресврт со финишот на средбата во која со 2:1 ја победа Ривер Плата.
Аргентинците кои триумфираа минатата година, поведоа уште во 14. минута со голот на Рафаел Бореа кој по центаршутот на Фернандез најдобро се снајде во шестнаесетникот на Фламенго.
River Plate in the #CopaLibertadores final today so I thought this beautiful song should be put out there.
'La Copa Libertadores es mi obsesión' pic.twitter.com/wzX5fw8Wq4
— Jack (@ProperFutbolMan) November 23, 2019
Во продолжението на средбата, бразилскиот тим делуваше изгубено и безопасно по голот на Ривер Плата и првата шанса за гол ја имаше дури во 57 минута. Кога изгледаше дека Ривер Плата ќе ја одбрани титулата, на сцена стапи Габриел Барбоса кој режираше неверојатен пресврт со головите во 89. и 92. минута.
– Секој што го сака Фламенго сонуваше за ова. Оваа генерација ќе биде запишана во историјата на клубот. Тоа што го направи Фламенго со Зико, успеавме да го направиме и ние. Ова е највисок квалитет на фудбалот, а Фламенго е најголем клуб на светот доколку се гледа низ очите на навивачите – изјави тренерот на бразилскиот тим, Жорж Жезус.
Ова е втора титула за Фламенго во Копа Либертадорес и тоа по пауза од 38 години кога тимот предводен од легендарниот Зико за прв пат триумфира во ова натпреварување.
Финалето кое се одржа во Лима, Перу беше следено во живо во преку 160 земји.