Вулканот Дувло во атарот на охридското село Косел имал и лековита моќ, тврдат жители на селото.
Според раскажувањето на еден од жителите на селото во документарен филм за вулканот сниман пред неколку години, во дамнешни времиња голем број луѓе доаѓале на вулканот за да се излекуваат.
Вулканот во Косел предизвика големо медиумскот внимание во земјава, но стана главна вест и на Балканот откако пред неколку ден почна да чади бидејќи несовесни граѓани фрлале отпад во близина, па веднаш се појавија информации дека вулаканот се активирал.