Малтешкиот претприемач Јорген Фенех го наредил убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција, изјавил во вторникот пред судот главниот осомничен за атентатот.
„Ми рече ‘Лажи ги тоа да го сторат. Ја сакам Дафне мртва“, рекол таксистот Мелвин Теум на судењето на тројцата платени убијци. Додал дека Фенех побарал да најде убијци кои би го извеле атентатот и му дал 150.000 евра.
Каруана Галиција беше истражувачка новинарка која на својот блог ја разобличуваше корупцијата во малтешката власт. Убиена е во октомври 2017 година со експлозив поставен во нејзиниот автомобил.
Нејзината смрт предизвика згрозување во меѓународната заедница и ја стресе владата на премиерот Џозеф Мускат, особено неодамна бепше објавено дека во врска со атентатот беше приведен и испрашуван шефот на неговиот кабинет Кит Шембри. Мускат треба да ја напушти должноста на 18-ти јануаро, што неговата Лабуристичка партија ќе избере нов претседател.
Истакнатиот малтешки претприемач Фенех во саботата беше формално осуден за соучесништво во убиството на Галиција. Тој беше уапсен на 20-ти ноември кога според властите се чини дека сакал со јахта да побегне од Малта, а во врска со обвинувањето во саботата се изјасни за невин.
Претходно минатиот четврток неговите адвокати му предадоа писмо на малтешкиот претседател Џорџ Вела и официјално објавувајќи дека Фенех може да даде информации во врска со поранешниот шеф на кабинетот на премирот Кит Шембри, поранешниот министер за туризам Конрад Мизи, минситерот за економија Крис Кардона и други лица „блиски на премиерот“. Адвокатите истакнаа дека претседателското помилување се дава по препорака на владата, и дека владата ова свое овластување го делегирала на премиерот.
Фенех, според полициски и правосудни извори запознаети со истрагата, барал имунитет во замена за сведочење кое би го поврзало Шембри со случајот и би ја открило широката корупциска шема на Малта во којашто се вмешани и политичари на високи позиции.