Даниел Крег повторно се појавува во филма од франшизата Џејмс Бонд, овојпат насловен како „No Time to Die“.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=ixZc90cnhgM?feature=oembed]
Излезе и најнов трејлер за овој филм, кој ќе биде последен каде Крег се појавува во улога на британскиот агент.
Новото продожение на приказната за Џејмс Бонд ќе им го претстави на гледачите новото, гневно лице на познатиот агент, пренесува „Гардијан“.
Приказната на „Нема време за умирање“ оди вака: „Бонд ја напушта активната служба и ужива во мирниот живот на Јамајка. Неговиот мир е прекинат кога стариот пријател Феликс Лајтер од ЦИА се појавува барајќи помош. Неговата мисија е да спаси киднапиран научник кој е всушност многу поопасен отколку што се очекува, што го става Бонд наспроти низа мистериозни негативци вооружени со опасна нова технологија“.