Францускиот Претседател Макрон не е сам во идејата за воведување на нова методологија за преговори за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски во своето интервју за Детектор вели дека официјален Париз има поддршка од најмалку 10 до 11 земји членки кои бараат реформи во Унијата.
– „Без да има внатрешна реформа и без да има нова методологија нема да може никој да влезе, рече Макрон. Точно е. На 19 минатиот месец имаше прва расправа за францускиот предлог за нова методологија во Советот за генерални работи. Таму е точно дека барем едно 10 или 11 држави минимум, колку што јас имам информација рекле дека нова методологија, подобрена е неопходна. Значи точно е дека потребата да бидеш ти подобар кандидат за утре да бидеш подобра членка, поквалитетна, постои, долго време вирее во рамки на ЕУ. Точно е дека Франција сега во многу незгоден момент, кога требаше да се носи одлука „за“, рече чекајте, чекајте сега нам ни треба време уште ова. Но неспроно е дека барем да не кажам половина, ама една третина од земјите членки на ЕУ поддржуваат нова методологија бидејќи општа перцепција е дека последните три, четири, пет држави кои влегоа во ЕУ, да не ги спомнам само нашите комшии, не беа со тој квалитет како некои претходни членки“ – вели Пендаровски за Детектор.