Во средбата од 16-то коло од англиското фудбалско првенство во неделата Лестер Сити на гостувањето кај Астон Вила славеше со 4:1, впишувајќи ја осмата последователна победа што претставува нов клупски рекорд на клубот основан 1884 година кој во сезоната 2015/2016 стана изненадувачки првак на Англија. Лестер, исто така, е еден од само шесте клубови откако англискиот шампионат се игра во форматот на Премиер лигата од 1992 година.
Головите за гостите ги постигнаа Џејми Варди во 20 и 75 минута, Келеши Ихеаначо во 41 и Џонатан Еванс во 49 минута, додека единствениот погодок за домашните беше резултат на Џејк Грилиш во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Варди оваа сезона веќе постигна 15 голови, при што се впиша меѓу стрелцита на последните осум натпревари. Со овој резулат стана сами вториот играч во Премиер лигата кој двапати во кариерата постигнал погодок на осум последователни меча. Тоа досега единствено го имаше остварено некогашниот холандски репрезентативец Руд ван Нистелрој во дресот на Манчестер Јунајтед.
Со оваа победа Лестер со 38 бодови се зацврсти на втората позиција на табелата, осум помалку зад водечкиот Ливерпул, а веќе шест бодови повеќе од третиот Манчестер Сити. Астон Вила, пак, со 15 бодови е 17-та едно место над зоната од која се оди во понизок ранг на натпреварување.
Њукасл пред своите навивачи со пресврт со 2:1 го совлада Саутемптон. Гостите поведоа во 52 минута со голот на Дени Ингс, а потоа за домашните погодија Јоњо Шелвеи во 68 и Федерико Фернандез во 87 минута.
Њукасл е на средина на табелата, десетти е со 22 бодови, а Саутемптон остана на 18-то место со 15 бодови.
Со истиот резултат и исто така со пресврт но на гости славеше и Шефилд Јунајтед во дуелот со Норич Сити. Домашните поведоа во 27 минута со голот на Александер Титеј, а на почетокот од вториот дел со двата брзи погодока на Енда Стивенс во 49 и Џорџ Балдок во 52 минута, го решија мечот во своја полза.
Шефилд е едно од попријатните изненадувања сезонава во Премиер лигата и во моментов со 22 бодови е на осмата позиција, додека Норич со 11 бодови го зазема претпоследното 19-то место и му претстои голема борба за по една година да го сочува прволигашкиот статус.
Во последниот неделен натпревар Брајтон енд Хоув Албион и Вулверхемптон одиграа 2:2 во меч во кој сите погодоци беа постигнати во првото полувреме. Поведоа гостите во 28 минута преку Диого Жота, а израмни Нил Мопаи шест минути подоцна, а веќе во 36 минута со голот на Дејви Пропер домашните дојдоа во водство, а голеадата во првиот дел, што подоцна беше и конечен резултат, ја затвори Јота со својот втор погодок вечерва во 44 минута.
Вулверхемптон, кој во шест кола не е поразен, остана не шестата позиција со 24 бодови, а Брајтон е 12-ти со 19 бодови.