Фестивал „Недела на излозите” – Скопје се претвора во модерна галерија

„Недела на излозите” е нов фестивал за креативност, современост и уникатност доловени преку излозите кои се естетски симболи на визуелната култура на градот.

За првото издание на фестивалот, младите модни дизајнери и архитекти со преуредување на излозите и јавниот простор, од 10.12.2019 до 17.12.2019 ќе го претворат центарот на градот Скопје во модерна галерија.

Во текот на овие седум дена не пропуштајте ја шансата да ги погледнете новите излози на „Култура“ и „Хронометар“ на плоштад, потоа Театарот за деца и младинци, а потоа и излозите на „Литература.мк“, „Пасаж“ и „Линдт“ на улица Македонија.

Официјалното отворање на фестивалот е во вторник, со почеток од 19 часот во ресторанот „Пелистер“.

Повеќе информации линкот WINDOW DISPLAYS WEEK.