Трамп порача дека ќе го потпише „историскиот“ буџет за одбрана, веднаш штом Конгресот ќе го одобри

Американскиот претседател Доналд Трамп порача во средата дека е подготвен веднаш да го потпише буџетот за одбраната одобрен од Конгресот за фискалната 2020 година, веднашт штом парламентот официјално ќе го одбри.

„Ќе ги потпишам овој историски закон веднаш“, напиша Трамп на Twitter.

Американскиот претседател, исто така, истакнува дека во конечната договорена верзија на Законот за национална одбрана (NDAA) „влегоа сите приоритетни области“ на сегашната администрација. Особено, Трамп издвои инвестиции за модернизација на вооружените сили, безбедноста на границите и финансирање на новоформираниот род армија – вселенските сили.

Претходно Конгресот на САД се согласи со обранбениот буџет за 2020 година во износ од 738 милијарди долари. Овој буџет за претходната фискална 2019 година изнесуваше 716 милијарди долари.

Во новиот американски одбранбен буџет, покрај другите ставки, повторно се издвојуваат средства за „спротиставување на Русија“ во различни области и за помагање на Украина.