Остро писмо на Трамп до Пелоси во врска со импичментот

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во вторникот доста остро писмо до претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, обвинувајќи ја неа и другите нејзини сопартијци во долниот дом на Конгресот за кршење на уставот во текот на процедурата за неговото отповикување од должноста.

Претставничкиот дом, според најавите, во среда треба да гласа за прашањето за импичментот за претседателот Доналд Трамп. Демократите го обвинуваат за злоупотреба на службената должност и попречување на истрагата во Конгресот која треба да доведе до негово судење во Сенатот. Демократите сметаат дека Трамп побарал политички услуги од украинскиот претседател Владимир Зеленски, односно да спроведе истрага за улогата на неговиот најверојатен демократски противкандидат на претседателските избори следната година, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

„Пишувам, за многу цврсто и категорично да го изразам својот протест против партиската крстоносна војна чија цел е импичмент, кој демократите го започнаа во Претставничкиот дом. Овој импичмент претставува невидена и противуставна злоупотреба на моќта од страна на демократските пратеници“, се вели во писмото на Трамп.

„Спроведувајќи го овој непрописен импичмент, вие ја кршите свечената обврска дадена при стапување на должноста, ја кршите вашата заклетва пред уставот и ѝ објавувате отворена војна на американската демократија“, истакнува американскиот претседател во продолжение од писмото до Пелоси.

Трамп натаму бара Конгресот да се сосредоточи не на импичментот, туку на „злоупотребата без преседан на овластувањата на FBI“ во текот на предизборната кампања во 2016 година, кога под надзор на Федералното биро за истраги биле ставени неколкумина членови на избориот штаб на републиканскиот кандидат. Притоа Трамп појаснува дека не очекува демократите да го променат својот став.

Надзорното тело на министерството за правосудство на САД објави на 9-ти декември дека се откриени многу грешки, иако не и докази за политичка пристрасност во истрагата на Федералното биро за истраги (FBI) за наводните контакти на претседателската кампања на Доналд Трамп и Русија во 2016 година. Главниот инспектор Мајкл Хоровиц утврдил дека FBI имал втемелена правна причина да побара судска дозвола да започне надозр над Картер Пејџ, советник во кампањата на Трамп. Меѓутоа, Хоровиц нашол вкупно 17 темелни грешки и пропусти во оригиналното барање и во сите следни обновувања на барањата упатен на Судот за странски разузнавачки надзор (FISA). Тие грешки направиле случајот да изгледа посилен отколку што бил, тврди Хоровиц.

„Ви го пишувам ова писмо за историјата, а исто така со цел постојано и неизбришливо да ги доловма моите мисли“, пишува натаму Трам.

Според обвинувањата личниот адвокат на Трамп, поранешниот њујоршки градоначалник Рудолф Џулијани, се ангажирал да ги убеди властите во Украина да спроведат две истраги од кои републиканскиот претседател би можел потенцијално да има полза. Џулијани се обидел од издејствува истрага за Џо Бајден и неговиот син Хантер Бајден кој работел во украинската енергетска компанија „Bursima“ кој бил истражуван за корупција. Фокусот на истрагата за отповикување е телефонскиот разговор од 25-ти јули меѓу Трамп и украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој беше избран во мај, да ги отвори истрагите за улогата на Џо Бајден во смената на тогашниот украински јавен обвинител кој го истражувал Хантер Бајден кој од украинската фирма земал месечно 50.000 долари иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергетските прашања.

Американскиот претседател последователни ги негираше обвиненијата против него. Разговорот со Зеленски го опиша како „апсолутно невин“. Според него, демократите се обидуваат да ги претстават политичките несогласувања со Трамп во форма на споменатиот импичмент за престапи на претседателот. Трамп, исто така, во писмото ја повторува својата верзија според којашто не тој, туку неговиот можен противкандидат Бајден ја уценувал Украина со воената и друга помош од САД.

„Вие многу добро знаете дека (поранешниот) потпретседателот Бајден ја искористил својата позиција и милијарда долари помош од САД за да ја принуди Украина да го разреши обвинителот кој ја проучувал компанијата која му платила милиони долари на неговиот син“, истанува Трамп.

Го оценува како „опасно и пристрасно“ обвинувањато дека ја попречувал работата на Конгресот во овој процес. Според него, демократите измислуваат нови стандарди на одговороност, според кои „секој претседател на САД може да биде обвинет со импичмент повеќепати“.

Трамп ги обвинува демократите и дека сакаат да ги изменат резултатите од изборите во 2016-та и оти самата демократија ја сметаат за свој непријател. Вели и дека демократите првично не ја криеле намерата да го отстранат од должноста, и цитира притоа редица навредливи, па дури и непристојни изјави на демократите на негова адреса. Наведува и долг список од неговите постигнувања, вклучително и економскиот раст и истакнува дека демократите се обидуваат да го одвлечат вниманието на избирачите од тие постигнувања.

Трамп повторно се нафрла на истрагата во ткн „руско мешање“ водена од специјалниот обвините Роберт Мјулер, кој по повеќе од две години истрага не најде „заговор на Трамп со Русија“. Ги обвинува, исто така, демократите за „мешање во изборите и поткопување на американската демократија“.

„Ги поврзавте напорите за импичментот со целосно дискредитираната ‘руска’ лага, двапати изјавувајќи дека ‘сите патишта водат до Путин’, иако знаете дека тоа е отворана лага. Јас сум многу поцврст кон Русија отколку што (поранешниот демократски претседател Барак) Обама се осмелуваше дури и да помисли“, пишува натаму Трамп во писмото до Пелоси.

Поркај тоа, републиканскиот претседател вели дека демократите ги игнорирале нормите за постапката, оневозможувајќи му да ги побие обвинувањата. Според Трамп, процедуралните прописи биле добро почитувани дури и во познатото судење на „Вештерките од Салем“ во САД во XVII век, кога 19 луѓе биле погубени за вештерство.

На крајот, Трамп ја обвинува Пелоси за лицемерие поради нејзините изјави за тоа дека таа не сака да поднесе импичмент за него, па дури и дека се моли за претседатело, но оти нема друг избор.

„Не се сомневам дека американскиот народ ќе ја стави на вас и на демократите целата одговорноста за ова на изборите во 2020 година. Тој наскоро нема да ви прости за извртувањето на правосудството и злоупотребата на овластувањата“, пишува Трамп.