Намален кредитниот рејтинг на Европската унија

Европската унија повеќе го нема највисокиот кредитен рејтинг „ААА“, откако агенцијата „Стандард и Пурс“ одлучи поради „намалување на кохезијата“ да го намали на „АА+“.

Како што пренесува агенцијата „Блумберг“, намалување на долгорочниот кредитен рејтинг е производ на намаленото единство меѓу земјите членки, како и влошување на целокупниот финансиски профил.

„Прогнозата е стабилна. Намалувањето на кредитниот рејтинг го одразува нашиот поглед на вкупната послаба кредитна способност на сите 28 членки на Европската унија“, се наведува во соопштението на „СиП“.