Путин очекува дека Трамп ќе остане на должноста

Рускиот претседател Владимир Путин изајви во четвртокот во текот на својата традиционална годишна прес-конференција дека очекува дека Доналд Трамп ќе остане на должноста и оти постапката за неговото отповикување е продолжување на внатрешнополитичката борба во САД.

Путин смета дека обвинувањата против Трамп се измислени, како дека Сенатот, во кој мнозинството го имаат републиканците, нема да го отстрани од должноста американскиот претседател.

Рускиот претседател ја одржува големата прес-конференција на крајот од календарската година, а бројот на акредитираните новинари од целиот свет повторно постави рекорд. Акредитирани се 1.895 новинари. За споредбат, минатата 2018 година за овој настан биеа акредитирани 1.702 новинарид. Ова е неговата 15-та прес-конференција до 2001 година, а првиот таков настан привлече повеќе од 500 новинари.

Путин го загрижила изјавата на украинскиот претседател Владимир Зеленски за можната ревизија на Минскиот мировен договр. „На Киев му е потребен директен дијалог со Донбас, а тој изостанува“, рече Путин истакнувајќи дека украинските власти немаат ниту желба за тоа.

„Не постои ништо друго освен Минскиот договор. Многу ме загрижуваат изјавите на претседателот Владимир Зеленски по неговото заминување од Париз за тоа дека договорот од Минск може да се ревидира“, рече Путин. Според него, доколку би се тргнало во тоа, би можело да се дојде во „безизлезна ситуација“ на истокот од Украина.

Рече, исто така, дека нема странски војници во Донбас, одговаајќи на прашањето за присуство за руски војници, но дека има платеници на двете страни.

Во продолжение од сетот прашања за Украина, Путин рече дека Русија е подготвена да го задржи транзитот на гаспот зе Европа преку Украина.

Ја коментираше и одлуката на Светската антидопинг агенција (WADA) за исклучување на руските спортисти со спортските натпреварување и оцени дека таа е „неправедбна“ и „во спротивност со здравиот разум“. За допингот мора да се казнуваат поединци, за да на патат сите спортисти, смета Путин.

Одговорајаќи на прашањето за климатски промени, Путин рече дека Русија се загрева двојно побрзо од глобалниот просек. Тоа довело до раст на бројот на шумските пожари и поплави, и Русија мора да презема превентивни мерки, смета рускиот претседател.

Се изјасни и против изнесувањето на телата на Владимир Илич Ленин од неговниот мавзолеј на Црвениот плоштад, каде што се наоѓа уште до 1924 година. „Кога станува збор за телото (на Ленин), сметам дека не треба да се зама, баредм додека има луѓе, а има многу луѓе, кои својот живот, судбината, ги поврзуваат со нив, со одредени достигнувања во минатот, постигнувањата од советскиот период“, рече Путин.