Реал Мадрид ја продолжува победничката серија во кошаркарската Евролигата, откако победи со 77:55 (15:13, 30:16, 12:15, 20:11) против Баскија во „Буеса Арената“. Тимот од Мадрид победи по десетти пат по ред и веќе се со скор 12/3, додека лидерот Анадолу Ефес е со 12/2 пред денешната средба со актуелниот европски шампион ЦСКА Москва.
Реал Мадрид направи серија од 13-0 рано во втората четвртина и го задржа двоцифреното водство против домаќините до крајот на мечот. Џордан Мајки постигна 15 поени и осум скока додека Руди Фернандез заврши со 12 поени, 5 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки.
Шавон Шилдс постигна 14 поени за Басконија, која е на 13. место на табелата со скор 6/9.
Резултати во Евролигата:
Фенербахче Истанбул (Турција) – Зенит Санкт Петербург (Русија) – 81:84
Макаби Тел Авив (Израел) – Панатинаикос (Грција) – 88:79
Армани Милано (Италија) – Баскет Валенсија (Шпанија) – 78:71
Басконија (Шпанија) – Реал Мадрид (Шпанија) – 55:77
Натпревари подоцна денес:
Химки Москва (Русија) – Жалгирис Каунас (Литванија)
Анадолу Ефес Истанбул (Турција) – ЦСКА Москва (Русија)
Црвена Звезда (Србија) – Олимпијакос (Грција)
Баерн Минхен (Германија) – Барселона (Шпанија)
АСВЕЛ Вилербан (Франција) – АЛБА Берлин (Германија)
На табелата лидер е Анадолу Ефес со 12 победи и 2 порази, по нив следат Реал Мадрид со 12/3, Барселона со 11/3, Макаби со 11/4, ЦСКА Москва со 9/5, Панатинаикос со 9/6, Армани Милан со 8 / 7 и Химки со 7/7.