Излезноста на изборите во Хрватска за 103.000 поголема отколку пред пет години

Хрватската Државна изборна комисија (ДИП) попладнево соопшти дека продолжува трендот на добар одзив на претседателските избори во таа земја, па до 16.30 часот  гласале 38,82 отсто од избирачите, односно 1.343.000. Тоа е околу 103.000 избирачи повеќе отколку пред пет години.

Седмите претседателски избори од независноста на земјата се одржуваат во Хрватска и уште 47 држави, на вкупно 6.533 гласачки места. Три милиони и 855.000 гласачи имаат право да гласаат на хрватските претседателски избори дома и во странство.

Избирачките места во Хрватска и поголемиот дел од оние во странство се затвораат во 19 часот, а првите резултати се очекуваат околу 20 часот.