Објавени нови документи на WikiLeaks за „хемискиот напад“ во сириска Дума

Разобличувачкиот интернер ресурс WikiLeaks, спцијализиран за објавување тајни документи кои се кријат од јавноста, објави нова серија материјали кои предизвикуваат сомневања во вистинитоста на истрагата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за наводен хемиски напад извршен во сирискиот град Дума во април 2018 година.

Кон крајот на ноември WikiLeaks објави писмо на еден од членовите на мисијата на OPCW до челникот на организацијата Роберт Фејрвезер, во кое се наведува дека извештајот за меѓународната истрага во Дума бил редактиран. Особено од него, според споменатото писмо, биле отстранети потврдата дека во садовите најдени на местото на „нападот“ имало отровна супстанција, коментарите на комисјата за симптомите кај жртвите кои биле различни од оние кои се манифестираат при хемиско труење, како и за фрагментот во кој се опишува локацијата на цилиндрите (со отровни материи) на местото на настанот.

Во април минатата 2018 година Западот ја обвини владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, за наводен хемиски напад во градот Дума, во покраината Источна Гута и се закани со воен напад. Како доказ за нападот, организацијата Бели шлемови, која Дамаск и Москва ја обвинуваат за близина со бунтовничките и исламистички групации во Сирија, објави снимки на кои лекари наводно се обидуваат да им помогнат на жители на Дума, вклучително и деца, од последиците од отровни материи. Меѓутоа, лицата снимени на тие материјали подоцна изјавуваа дека не виделе никаков напад, а некои дека им било платено да глумат во видео со таков напад. Според нив, непознати лица направиле паника во градот, ги собрале луѓето во болницата, како им дале вода а потоа ги пуштиле без никакво објаснување. Лекарите кои во тоа време биле во болницата потврдија дека кај наводните пациенти намало никакви знаци на хемиско труење.

На 1-ви март годинава OPCW го објави извештајот за исходот од истрагата во Дума. Во него се наведува дека во нападот била користена токсична хемикалија (веројатно хлор), како и дека цилиндрите полни со неа биле испуштени од воздух.

Сепак, сега беше објавен документ со инженерска оцена на експертот на OPCW, Иан Хендерсон. Во него се зборува дека набљудувањата, направени на две места на местото на инцидентот, сугерираат дека цилиндрите со отровната материја најверојатно не биле фрлени од воздух, туку биле поставени. Покрај тоа, експертскиот тим предводен од Хендерсон извршил неколку тестирања симулирајќи ја ситуацијата, и дошол до заклучокот дека во еден случај трагите од наводниот удар на цилиндрите не се совпаѓаат со оштетуваата на бетонскиот покрив, а во вториот дека вентилот на цилиндарот останал недопрен, иако тоа не би било возможно доколку пролетал низ таванот.

Претходно Москва предупредуваше дека постојат сознанија оти британски разузнавачи им доставуваат количество хемиски материи на сириските бунтовници и подготвуваат сценарио во кое се вклучени Белите шлемови и медиуми кои ќе исценираат наводен хемиски напад од страна на сириските владини сили, што ќе биде повод да се испровоцира воеан операција од Западот. Истовремено и рускиот Генералштаб искочи со прецизно предупредување дека провокацијата со наводната употреба на хемиско оружје ќе се случи во Источна Гута.