
Полицијата во Уругвај запленила рекордно количество кокаин коешто во улична препродажба би чинело повеќе од милијарда американски долари, објави обвинителството.
Речиси 4,4 тони од дрогата се откриени во пристаништето во Монтевидео, а уште еден тон на фарма во департманот Сориано.
Станува збор за најголемата заплена на кокаин во Уругвај досега, објави канцеларијата на јавниот обвинител. Уличната вредност на дрогата надминува милијарда долари, според процените на локалните медиуми.
Уапсени се четири осомничени лица, меѓу кои и сопственикот на фармата. Тие планирале дрогата да ја сокријат во контејнери со соја и да се испратат кон пристаништетото Ломе во Того, на западот од Африка, според првичните сознанија на истрагата.
Уругвај е важна транзитна точка во меѓународната трговија со дроги, која често се криумчари во Европа преку западна Африка. Поради тоа уругвајските власти ја засилија борбата против криумчарите на дроги, откако не успејат да ја запрат пратката од 4,5 тони кокаин. Дрогата беше откриена дури откако во јули годинава пристигнала во Хамбург. Во ноември, пак, беа запленети 3 тони кокаин кои требало да бидат испратени вопристаништето Котону во Бенин.