
Безбедносните служби на Саудиска Арабија во неделата соопштија дека нивните припадници убиле двајца мажи во градот Дамам, кој планирале терористички напад, извести саудиската новинска агенција SPA.
Во операцијата се запленети пет килограми експлозивен материја, се додава во агенциската вест.
Двајцата Саудијци биле убиени во средата додека управувале автомобил во кој е најден експлозивот. Тие отвориле оган врз припадниците на безбедносните сили кои ги запреле, а биле убиени во размена на огнот.
Полицијата ги објави имињата на двајцата убиени и соопшти дека во врска со овој случај е уапсен и трет маж кого не го именува.