Во Париз застрелан маж кој со нож нападнал минувачи

Едно лице загинало, а две се сериозно повредени во напад на маж со нож во парк во предградите на Париз, кого го застрелиле француските полицајци, пренесува информативниот телевизиски канал BFM.

Напаѓочот е „неутралзииран“, објави полицијата, но во прв пмомент не потврди дали е убиен. Претходно преку Twitter објави дека безбедносните сили интервенирале во паркот и ги повика жителите да ја одбегнуваат областа. Засега нема сознанија за мотивите на напаѓачот.

Инцидентот се случил околу 14 часот по локално врре, во местото Вилжуиф, во дфепартманот Вал-де-Марн, југоисточно предградите на француската престолнина. Посетител на паркот забележал собуен и разголен маж вооружен со нож и повикал полиција. Пред да пристигнат полицајците, напаѓачот успеал да повреди најмалку четири лица, две во самиот парк и две во неговата непосредна близина, крај трговски центар. Еден од повредените подоцна им подлегнал на повредите. Другите три лица се пренесени до најблиските болници, а две од нив се во сериозна состојба, рекле болнички извори.

Според BFM TV, полицијаците кои пристигнале на местото на нападот го ликвидирале мажот стрелајќи од автоматско оружје. На местото биле повикани и припадници на одделот за деминирање, бидејќи на телото на напаѓачот бил најден појас со експлозив.

На местото на нападот излегол и државниот секретар во министерството за внатрешни работи, Лоран Нуњез. Според телевизијата, нападот сѐ уште не е пригавен до парискиот државен обвиниле, кој ги презема случаите на тероризам.