Иран вети одмазда за Сулејмани „на вистинско место во вистинско време“

Американската ликвидацијата во ирачки Багдад на челникот на специјалните сили Ак Кудс на Иранската револуционерна гарда, генералот Касем Сулејмани, е најголемата стратешка грешка на САД, се вели во соопштението од петокот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност и се ветува одмазда „на вистинско место и во вистински момент“.

„Америка мора да знае дека нејзиниот злосторнички напад на генералот Сулејмани беше нејзина најголема грешка . САД едноставно нема да побегнат од последиците од оваа погрешна пресметка. Тие криминалци ги чека тешка одмазда, на вистинско место и во вистински момент,“, се вели во соопштението на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, кое го објави министерството за надворешни работи.

Советот му одава почест на Сулејмани, нарекувајќи го славен генерал, „кој беше гордост не само за Иранците, туку и за муслиманите и сите подјармени ширум светот“. Убиството на Сулејмани го нарекуваат одмазда на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава поради неговата борба против тероризмот спроведена од САД.

Се истакнува дека Советот за безбедност ги донел неопходните одлуки во врска со ликвидацијата на шефот на специјалните сили на Гардата на исламската револуција на Иран. Притоа Техеран ја става сета одговорност врз Вашингтон за последиците од оваа „криминална авантура“.

Врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи и претседателот Хасан Роухани, изјавија дека Техеран ќе им се одмазди на САД, а министерот за одбрана Амир Хатами вети дека Вашингтон ќе добие „разорен одговр“ за смртта на генералот.

Стотици илјади луѓе протестираа во петокот во Техеран против „американските злосторства“, пренесуваат светските агенции. По молитвата, масата Иранци ги преплавија улиците на центарот на престалнината и скандираа „Смрт на Америка“ со истакнати портрети на Касем Сулејмани. „САД се оската на злото…“, скандирале демонстрантите во Техеран. Меѓу нив група запалила американско знаме. „Целиот свет ќе сфати кој е терористи“, изјавил за AFP еден од демонстрантите.

Официјалната иранска новинска агенција Irna известува дека протестни собири по истиот повод се одржале ширум земјата, а особено бројни биле во градовите Шираз, Арак и Џазд.

Генералот Касем Сулејмани, кој во петокот утрото беше убиен во американски напад во Багдад по директен налог на американскиот претседател Доналд Трамп, беше вториот најмоќен човек во Иран, веднаш под ајатолахот Али Хамнеи, а се смета за еден од креаторите на иранските амбициите на Блискиот исток.

Убиството на Сулејмани остро го осудија Ирак, Сирија и Турција, а Русија го нареле „авантуристички потег“ на САД, кој ќе предизвика ескалација на тензиите во целиот регион. Потпаролката на руската дипломатија Марија Захарова притоа предупреди дека „светот се соочи со манифестација на нова реалност во која е можно да се убие службено лице на суверена дрќава без никаква правна основа“.