Њујоршката полиција ја зголеми безбедноста во градот по убиството на командантот на иранските Курди, Касем Сулејмани.
Полицискиот комесар на Њујорк, Дермот Ши, изјави на прес-конференција дека нема веродостојни извештаи за можни закани за градот, но се преземени мерки за заштита на Њујорчаните и туристите, објави телевизијата NBC.
Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ги откажа плановите за одмор за подоцна овој месец, во услови на зголемени тензии во односите меѓу САД и Иран, цитираше Ројтерс повикувајќи се на неименувани американски официјални претставници.
САД ноќеска извршија воздушен напад во Багдад, при што загинаа командантот на иранските елитни единици, Касем Сулејмани и високиот ирачки воен службеник Абу Махди ал-Мухандис.