Воздухопловните сили на западната коалиција предводена од САД извршиле напад врз штаб на ирачката шиитска милиција ал-Хашд ал-Шааби во градот ал-Каиме, во близината на границата со Сирија, пренесува телевизијата Al-Hadath.
Според извештајот на телевизијата меѓу шиитските борци има убиени и ранети. Нападот може да води кон тотален судир во Ирак, меѓу американските сили и шиитските единици кои се блиски со Иран.
Претходно во прилог на телевизијата Al Arabia беше објавено дека непознати сили во саботата вечерта со минофрлачки оган го нападнале седиштетот на здружените ирачки сили во покраината Нанива, во северн Ирак.
Според локалните медиуми, бил гаѓан комплексот владини објекти во облата на штабот на здружените ирачки сили, кои ги користат американските војници. Претходно во три ракетни напад беа погодини центарот на Багдад близу амбасадата на САД, станбениот кварт ал-Џадрија и областа на воената база „Балад“ на 80 километри северно од ирачката престолнина.
Малку подоцна ирачката шиитска милиција „Катаиб Хезболах“, која е дел од милициајта ал-Хашд ал-Шааби ги предупреди ирачките безбедносни сили да се држат настрана во радиус од еден километар од објектите кои ги користата американските трупи.
Ноќта во петокот американските сили изведоа воздушен удар крај меѓународниот аеродром во Багдад против командантот на елитната единица на иранската армија, специјалните сили Ал Кудс, генералот Касем Сулејмани и заменикот командант на ирачката шиитска милиција, Аби Махди ал-Мухандис, кои Вашингтон ги сметаат за организатори на ракетирањата на базата во Куркук кога загина еден Американец, а откако САД возвратија со воздушен удар во кој беа убиени 25 шиитски борци и протестите и обидот за продирање на америакнската амбасада на 31-ви декември.
Американските трупи, според различни извори, користат неколку ирачки бази, главно на југот и северот на Ирак, во автономниот регион Ирачки Курдистан, како и крај Багдад.
Снимка од ракетнот напад врз „Зелената зона“ во Багдад.
ديلي ميل: طائرة الدرون التي قتلت سليماني والمهندس انطلقت من #قطر https://t.co/RhoTDMp7yE
— الحدث (@AlHadath) January 4, 2020
https://www.youtube.com/watch?v=Opb4FSUdoBY