Челничка на косовска НВО уапсена поради повик на одмазда за убиството на Сулејмани

Икбале Бериша Худутин покрај поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад

Косовската полиција потврди во вторникот дека ја уапсила директорката на евладината организација Курани, Игбале Бериша Худутин за активно дејствување и искажување поддршка на шиитски секти, откако таа го осудила убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад, нарекувајќи ги САД злосторничка држава.

Како што се наведува во соопштението на полицијата, уапсена е бидејќи на социјалната мрежа фејсбук го осудила убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад и барала одмазда за американската акција.

Седум часа пред да биде уапсена жената објавила на својот профил на Facebook дека е нарушено правото на слободната мисла и слободата на изразувањето на Косово, пренесуваат приштинските електронски медиуми.

Игбале Бериша Худутин била уапсена од припадници на Дирекцијата на косовската полиција за борба против тероризмот, во соработка со специјалното обвинителство на Косово. Полициската дирекција објави дека извршила претрес во просториите на осомничената која била приведена на разговор во полицијата и по налог упатена во притвор до одлуката судот.

Бериша Худутин на Facebook напишала дека луѓето како иранскиот генерал Сулејмани „не умираат“, туку дека се „мртви оние кои одат по земјата и носат криминална крв, срамејќи се и себеси и својата злосторничка нација“. „Бог дава трпение. Со убивање на господарот на куќата убиени се сите нејзини членови, одмаздата е задолжителна и нема ограничување“, напишала.