Сите намерно кочени истраги ќе бидат процесуирани

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за дневникот на МРТ, посочи дека сите незавршени и истраги кои што намерно се кочеле ќе бидат процесуирани до надлежните органи за нивно постапување.

Чулев ги охрабри граѓаните кои што имаат било какви сознанија за тековни но и нови криминални однесувања да ги пријават во Министерството за внатрешни работи.

Сите незавршени истраги и оние истраги кои што намерно од политички причини се држени во лер, во наредниот период до надлежните институции ќе бидат процесуирани и ја користам оваа прилика да ги охрабрам сите оние граѓани кои што имаат било какви сознанија за тековните, но и за нови криминални однесувања да ги достават до МВР, а тие на најпрофесионален начин ќе бидат процесуирани до правосудните органи, нагласи Чулев.

Во однос на Aгенцијата за национална безбедност процесот на селекција е нелегитимен и нелегален од аспект затоа што не беа испочитувани двете законски одредби, а тоа е спроведување на теза, интегритет и полиграфско тестирање, рече претходно Чулев.

Ддоаде дека распределените лица од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност и по шест месеци не започнале со работа а примале плата од правен субјект кој што не постоел, укажувајќи дека ваквата состојба во МВР мора што побрзо да се надмине.

-Денес службите ме информираа дека сите оние вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање кои што не беа примени во Агенцијата за национална безбедност уште не се распоредени по шест месеци во рамките на МВР и уште примаат плата од правен субјект кој што веќе не постои а тоа УБК. Во однос на она што значи контрола и надзор на овие два субјекти знаете дека следењето на комуникациите сега веќе не е само во рамки на ОТА туку и дел на АНБ, а за да биде тоа изведено на ефикасен и професионален начин мора парламентарната комисија да биде збогатена со технички и стручен кадар односно со луѓе кои што знаат што каде и како да се бара. Значи на овој план мора собраниската комисија да се екипира што е можно побрзо со искусен кадар кој што веќе работел или кој што има познавање на оваа област, рече Чулев.