Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека „воопшто не го интересира“ дали Иран ќе се согласи на преговори со САД, откако неговиот советник за национална безбедност сугерираше дека Техеран ќе мора да се согласи на разговори, бидејќи нема да има друг избор.
Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Роберт О’Брајан, во неделата во интервју за телевизиската мрежа Fox News реке дека дава резултати „кампањата на максимален притисок“ врз Техеран која ја води Вашингтон.
„Иран полека се задушува и нема да има друг избор, туку ќе мора да седне на преговарачката маса“, реле О’Брајан во интервјуто во кое уште рече дека САД се подготвени за преговори без претходни предуслови.
Американскиот претседател на Twitter го цитираше интервјуот на О’БРајан, но и го „исправи“ својот советник.
„Всушност, воопшто не ме интересира дали тие ќе се согласат на преговори. Тоа потполно ќе зависи од нив. Откажете се од нуклеарното оружје и престанете да ги убивата своите демонстранти“, напиша Трамп.