Маж изгоре во пожар во прилепско Браилово

Маж изгоре во пожар кој избувнал во неговата куќа во прилепско Браилово.

Од МВР информираат дека случајот е пријавен вчера во 12 часот.

– Ј.Т.(38) од с.Браилово, тој починал на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Пожарот бил изгаснат, а извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп, информираат од полицијата.