СДСМ нарача, обвинителството испорача – кривична за поранешниот прилепски градонашалник

Во екот на започнатата кампања за предвремените парламентарни избори на 12-ти април, владејачката СДСМ загубената доверба кај избирачите се обидува да го поврати со исценирање процеси против своите политички противници користејќи ги своите инстацлации во правосудството, а најнова цел е поранашениот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, против кого е подесена тужба во тамошното обвинителство.

Имено Ристески деновиве е известен дена треба на 30-ти јануари да се јави во Основното јавно обвинителство – Прилеп, каде што ќе треба да даде информации по кривична пријава поднесена против него.

Зачудува што обвинителството станува многу ревносно кога во прашање се поднесоци против лица блиски на опоизицијата. Истовремено, истото тоа „независно“ обвинителство со месеци молчи за аферите обелодените во медиумите или од опозицијата, како што се случаите „Рекет 2“, за кој пишуваат и медиумите во странство, како и уште еден скандал во здравството со мултимилионска набавка на инсулин, за набвки во одрбаната и полицијата итн.

Се чини, само заради залажување на јавноста беа отворени случаеви од страна на јавното обвинителство за криминалните донации од Фондот за иновации, кој можеби еден од најголемите скандали на владата на СДСМ, а без вистински епилог останува и аферата „Кеш“. Со ова очигледна е тенденцијата дека буквално секој случај, афера или скандал каде што имаа индиции за сериозен криминал и прекршувања да биде забошотен.