По ремито кај Вотфорд, Тотенхем сѐ подалеку од Европа

Фудбалерите на Тотенхем одиграа без голови на гостувањето кај Вотфорд во првиот меч од 23-то коло од англиското првенство, по што значително заостануваат од местата кои водат во европските натпреварувања следната година.

Во саботниот меч, екипата на Жозе Мурињо мина и добро, бидејќи во 70 минута играчот на „осите“ Трој Дини не реализираше удар од 11 метри.

Тотенхем, кој нема победа во последните четири првенствени натпревари со 31 бод е на седмото место во Премиер лигата, па ланскиот финалист во Лигата на шампионите е сѐ подалеку од Европа. Вотфорд со 23 бодови е на 16-то место на табелата, место над опасната зона.