Дното го стигнавме, но не се одбивме од него па да тргнеме нагоре. Подоле нема, не како во топ Листа „Стигли смо на дну! Mа неее…, доле су рудари“. Не, ние сме тука, само уцапани во тиња, густа и леплива и нема повеќе надоле, ова е добрата вест. Лошата е тоа што лепливата маса не дава да отскокнеме нагоре. Таа црна леплива супстанца која не’ држи залепнени за дното не е ништо друго освен нашата мрачна, замрачена, црна свест.
Џиткање
Како да сме бре народ без духовно наследство, како да не сме причестени, како Светиот Дух да не заобиколил во широк лак, и каква ни е „контролата на летањето“, убеден сум дека и на Водици на Духот Свети ќе му забраневме прелет преку овие простори заради нессодветни НАТО стандарди на погонот. Додека храмовите полу-пусти, за причест трчи-трчи-човек, на панаѓурот на суетата наречен капење на љубители на бела техника, очи вадење кој ќе го фати тоа парче кому никому ништо не му значи освен добра заработувачка за наредниот период, оти ние родена мајка за пари ќе продадеме, не па крстот свети. Не, нема чест на исклучоци. Верник знае што е вера и као треба и секоја работа ако не ја направиме керефека – живи не сме. Верници станавме само со „клик енд сенд“, „копи-пасте“ по Фејсбук.
– За причест има некој? – прашува свештеникот… штама, додека одекнува ревербот во празниот храм. Се опитвам, ако беше ова православна традиција ќе се практикуваше на Света Гора, последниот бастион на православието кое и тоа полека се’ повеќе тоне под притисокот на етнофилетизмот за кој душегрижниците ќе ви кажат не е ерес. Не бе и Џокер го фати крстот, Бетмен нека му е напомош.
Еве, ок, убава суштина има Водокрст, со претпоставка дека барем тие кои се џиткаа ласта и се кубеа за коси, барем држеле строг пост и се причестиле пред настанот, бидејки се’ друго освен телото Христово е секундарно (не по скопски). Барем да видев слога, соборност, а не „циркус со тепачки“… а, што пак и јас се занесувам!? Ново време, дигитална причест, Рамбо го брани крсто? Кликни на иконата… која пародија!?!?! Ех, па ние ломачи палиме у име на Џизс, а камо ли ова.
Медот
На праг сме да имаме исторски успех за два Оскара и најмалку е важно дали ќе ги добиеме – самата номинација е извонреден успех, имаме одличен, перфектен продукт, длабок, слоевит документрен филм кој никого, ни кој нас ни во светот не го остави рамнодушен. После сите филмски бљувотини, кои на обскурни фестивали даваат награди некакви жирија под влијание на вештачки хормони и супстанци, филмови кои никој не ги гледа – оти уметничката демек флоскула е – не е важно дали има публика ти терај со „ументост“, и тука се фативме да се давиме ко скокачите по крсто. Добро, еве, Медена Земја навистина преидзвика интерес, и секако многу заслужени награди, кои конечно ни даваат шанса да добиеме два Оскара. Повторувам – самата номинација е пар ексаланс во секој поглед. Арно ама се фатија за врат приучени – недоучени да даваат свои мислења, чинел – нечинел? Абе нација на таксисти, повеќе знаат од секого и од се’. Каква факинг академија бре, прашај ти некој „бањат“ или „небањат“, он ќе ти каже дали чини или јоктур тарафанда. И така е за фудбал, здравство, политика, труд, социјала, светска политика и наука поготово – „ма рамна је“!
Згора, суетата гори ли гори, наместо да излезат најголемите филмски „дејци“, де бре, да не речам цицачи на државни пари за тешки срања, и јавно го поддржат филмот, му честитаат на успехот и дадат недвосмислена поддршка, они или ќутат или критукуваат или искачаат со статистки колку карти продале од нивниот им партиски поддржан филм – де бе, сега најдовте? Не можеше пред нова година, за две недели по оскарите? Да, супер, а да не беа синдикално делени!?
Дечки, немам лош збор за овој народ, оваа земја, и најмалку за овие наши политичари. Ние сме такви – такви се и они – крај! Се’ е по промисла и ако сте верни и од Бог дозволено, ако не сте од нас луѓето одобрено, толку!
Ние потполно и сосема се’ ова си го заслужуваме!
Автор: Јанко Илковски за НетПрес