Добавувачите на американскиот технолошки гигант „Apple Inc.“ планираат во февруари да започнат со комплетирањата на новниот нискобуџетен модел на iPhone, затоа што компанијата има намера да го зголеми својот удел на глобарниот пазар на паметните телефони пред да ги лансира своите уреди кои ја поддржуваат мобилната мрежа од петтата генерација 5G подоцна годинава, пренесува агенцијата Bloomberg повикувајќи се на свои извори.
Се очекува компанијата со седиште во калифорниското место Купертино официјално да го претстави својот нов телефон веќе во март, рекол соговорникот на агенцијата запознаен со агендата на Apple.
Според надворешноста, овој модел ќе потсетува iPhone 8 со дијагонала од 12 сантиметри. Според најавата, функцијата Touch ID ќе биде вградена во апликацијата Home, но нема да има биометриска идентификацијата Face ID. Покрај тоа, новиот телефон ќе има ист процесор на водечкиот модел iPhone 11.
Станува збор за првиот нискобуџетен модел iPhone по моделот Phone SE. Моделот iPhone 8, кој сѐ уште може да се најде на пазарот, во моментов се продава по цената од 449 долари, додека Apple го продаваше iPhone SE за 399 долари, кога овој телефон се појави во 2016 година.
Со ваквиот чекор во Apple очекуваат испораките на паметните телефони iPhone повторно да бележат раст во 2020 година. Подостапните уреди на Apple се покажале попупарни кај потрошувачите, вклучително и најновиот iPhone11, чијашто почетна цена беше за 50 долари пониска од типичната за Apple. Зајакнатата побарувачка на моделите iPhone ги поттикнала во Apple да направат зголеми нарачки од своите добавувачи во Тајван и Јапонија.
Поевтината понуда ќе му овозможи на Аpple да биде покункурентен со цената на најголемите брзорастечки пазари на паметни телефони, како Индија. Моделите iPhone сѐ уште потешко се продваат на големите посиромашни пазари, во споредба со агресивните конкуренти чии уреди се базирани на оперативниот систем Android и чии телефони во просек се поевтини за 200 долари.
Од Apple, исто така, планираат да ги престават новите паметни телефони со високотехнолошко ниво до крајот на 2020 година, кои ќе вклучуваат 5G конекција, побрзи процесори и нов 3D камера на заедниот дел, дознава Bloomberg News.