По Наполи пласман во полифиналето на италијанскиот фудбалски куп во средата избори и Јувентус, кој во Торино со 3:1 ја совлада Рома.
Торинската „Стара дама“ целата работа ја заврши во првото полувреме кога ги постигна трите погодока, а стрелци беа Кристаијано Роналдо во 26, Родриго Бетанкур во 38 и Леионардо Бонучи во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Гостите од Рим во вториот дел само успеаја да го убалжат поразот, а стрелец беше Ченгиз Ундер во 52 минута, откако во 47 минута Марко Пјаца ја погоди стативата од само шест метри.
Јувентус во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Милан и Торино, кој на распоредот е на 28-ми јануари.
Наполи во вторникот со голот на Инсиње во втората минута поведе против бранителот на трофејот Лацио. Само осум минути подоцна Имобиле не реализира пенал за гостите, а до 30 минута двата тима останаа со по десет играчи, откако во 18 минута кај домашните беше исклучен Хусај а во 25 минута „поцрвене“ и Ликас Леива кај гостите, а и двајцата доонија по два жолти картона.
Наполи во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот Интер – Фиорентина, која на програмата е на 29-ти јануари.