Со денешното свечено доделување на еднократната парична помош за родителите кои во последните три месеци добиле принова, бројката на доделени ваучери се искачи на 511.
Одлуката која беше донесена пред една година, а помошта ќе продолжи да се применува до крајот на мандатот на градоначалничката, Билјана Беличанец-Алексиќ.
Денеска беа доделени 48 нови ваучери за новородените деца од овој дел на градот и уште еднаш беше упатен апел до сите родители кои ги исполнуваат критериумите, да ги достават документите до општинската администрација и со тоа и тие да стекнат право на еднократна парична помош од општина Кисела Вода.