Во поплавите во Бразил досега загинаа 11 лица

Најмалку 11 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето предизвикано од поројните дождови во југоисточен Бразил, соопштија денеска локалните власти.

Две лица загинаа во Бело Хоризонте, во државата Минас Жераис.

Според медиумските извештаи, се очекува продолжување на обилни врнежи во таа земја и во другите делови на Бразил, вклучувајќи ги Рио де Жанеиро и Сао Паоло.