По две недели пронајден првиот крст фрлен на Водици во Пробиштип

На Богојавление попот во Пробиштип мораше двапати да фрла свет крст во базенот, затоа што првиот исчезна откако беше фрлен.

Вториот крст беше фрлен по 40 минути откако учесниците не можеа да го пронајдат првиот метален крст.

А две недели подоцна крстот конечно беше пронајден во големиот базен на пробиштипскиот Аквапарк.

-Еве го кој вика дека го нема…, стои во постот на Аквапаркот каде се одржуваше фрлањето на крстот на 19-ти јануари.