На предизборите во Ајова води Пит Бутиџиџ

(AP Photo/Charlie Neibergall)

Пит Бутиџиџ води на предизборите на Демократската партија во сојузната држава Ајова, покажуваат резултатите од 62 отсто од одработените гласачки места, пред сенаторот Берни Сандерс, објави партијата ден по изборите по невообичаеното доцнење со објавата на резултатите од гласњето.

Поранешниот градоначалник на на Саут Енд во Индијана, 38-годишниот Пит Битуџиџ, добил 26,9 отсто од делегатите, пред сенаторот од Вермонт Берни Сандерс со 25,1 отсто, кој инаку се сметаше за главени фаворите на предизборите во Ајова. Сенаторката од Елизабет Ворен од Масачусет се трета со 18,3 отсто, а поренашениот потпретседател Џо Бајден е четврто со 15,6 отсто. Сенаторката Ејми Клобучар од Минесота е петта со 12,6 отсто.

Претседателот на Демократската партија во Ајова, Трој Прајс, се извни за „неприфаливото“ доцнење од цел ден со објавувањето на резултатите, но истакна дека податоците кои сега се објавени се „коректни и сигурни“. „Знаеме дека овие бројки се точни“, рече. „Она што се случи е еднсотавно неприфатливо“, додаде Прајс најавувајќи „целосна истрага“.

Проблемот, како што појасни, бил од информатичка природа, со апликацијата користена за собирње на гласовите. Партијата забележала неправилности кога почнале да пристигнуваат резултатите, што ги принудило да го одложат објавувањето на резултатие за претседателската номинација за изборите на 3-ти ноември.

Ајова има само три милиона жители и дава немногу значајни 42 делагати за демократската конвенција, односно 1 отсто, која на крајот го избира демократскиот кандидат за претседател. Но таа е е првата сојузна држава во која се одржуваат предизборите и се смета за важен показател за натамошните шанси на кандидатите за претседателската номинација.

Избирачите бираа меѓу 11-те кандидати. Фаворит во оваа главно белечка и рурална сојузна држава е радикално левиот сенатор Берни Сандерс од Вермонт, а главни ривали му беа поранешниот потпретседател Џо Бајден, поранешниот градоначалник Пит Бутиџиџ и помалку левата сенаторка Елизабет Ворен од Масачусетс. Дванаесеттиот кандидат, поранешниот њујоршки градоначалник и милијардер, Мајкл Блумберг, одлучи да ги прескокне првите четири држави во кои се одвиваат предизборите, за да се концентрира на оние кои даваат повеќе делегати.

По Ајова, до крајот на февруари, демократите ќе гласат во Њу Хемпшир, Невада и Јужна Каролина, а потоа следи „супервторникот“ на 3-ти март, кога се гласа во 14 сојузни држави, меши кои и оние кои даваат најмногу делегати Калифорнија и Тексас, кои на конвенцијата испраќаат вкупно 1.344 делегати.