Петар Порошенко, 48-годишниот украински милионер положи денеска заклетва во парламентот и постана петти претседател на Украина од стекнувањето на независноста во 1991, јавуваат агенциите.
На инаугурацијата на Порошенко за нов претседател на Украина, присуствувале 56 странски делегации од кои 23 шефови на влади и парламенти. Меѓу нив е и нашиот претседател Ѓорге Иванов.
Американската делегација ја предводеше потпретседателот Џозеф Бајден кој во Киев ќе разговара со Порошенко и премиерот Арсениј Јаценук за „плановите на украинската влада за спроведување на демокртаските реформи, економскиот развој и смирување на кризата во источниот дел на таа земја,“ соопшти Белата Куќа.
Тој ќе разговара и со претседателот на Молдавија, Николај Тимфотиј за ситуацијата во регионот, невдува АФП.