Бројката починати од коронавирусот во Кина се искачи на 562 луѓе

Бројот на заболените од воспаление на белите дробови предизвикано од новиот сој коронавирус 2019-nCoV, во Кина надмина 27.400 лица, а 562 луѓе починале, соопшти во четвртокот информативниот портал news63.com повикувајќи се на податоците од регионалните власти.

Во централната кинеска провинција Хубеи, од чиј админситративен центар Вухан кон крајот на декември започна епидемијата, според регионалната Комисија за здравство, починачле 549 луѓе, бројот заразени се зголемил на 19,665 а отпуштени од болниците биле 633 луѓе.

Во последното деноноќие здравствените власти потврдиле 2.987 нови случаи на заразатра, а од нив 1.766 во Вухан. Во градот се регистрирани 70 нови смртни случаи, а 113 пациенти се отпуштени од болниците.