Чезаре Прандели, селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, испрати јасна порака до контроверзниот напаѓач Марио Балотели дека мора секогаш да ги слуша и применува советите на актуелниот тренер на Милан, Кларенс Сидорф.
„Балотели е од голема важност кога е во прашање репрезентацијата на Италија. Станува збор за многу важен фудбалер, но по ништо не се разликува од останатите репрезентативци. Марио мора да биде максимално подготвен, тука мислам и физички и психички. Само таков го сакам на Мундијалот во Бразил. Ќе направи голема грешка ако не ги слуша советите, ако не ги примени советите кои му ги има дадено тренерот на Милан, Кларенс Сидорф. Тие совети мора да ги канализирам да ги преточи во нешто позитивно и истите да ги примени на зелениот терен. Марио е свесен, зане дека Светско првенство е уникатна шанса за секој фудбалер”, изјави Прандели.