Се зголеми бројот заразени на крузерот во Јапонија

На јапонскиот крузер на кој има тројца македонски државјани бројот заразени со новиот сој коронавирус се зголеми во средата на 175 лица.

На патничкиот брод „ Diamond Princess“, кој е ставен во карантин во Јапонија, заразени се уште 39 луше, меѓу нив и еден здравствен работни, соопшти јапонското министерство за здравство во средата.

Крузерот е во карантин веќе две седмици откако пристигна во Јокохама, јужно од Токио, на 3-ти февруари, откако кај маж кој се истоварил во Хонгконг е потврдена инфекција со коронавирусот. На бродот кој плови под британско знаме има околу 3.700 лица, меѓу кои и тројца Македонци.

Јапонската новинска агенција Kyodo цитирајќи го министерството за здравство објави дека од 39-те нови случаи на заразата, 20 се членови на екипажот а 29 се патници, и се префрлени во болници.

Здравствениот работник е заразен додека ги прегледувал патниците и екипажот во периодот од 3-ти февруари. Тој ги следел упатствата кои барале носење заштитна маска и ракавици, но не и цело заштитно одело, пишува дневнито весник Nikkei businness daily, кој се повикува на министерството за здравство.

Патник од бродот кој не сакал да биде именуван, за Reuters рекол дека е „ужасно тоа што му се случило на медицинарот“. „Оној кој доаѓаѓе во нашата соба на првичното испотување носеше ракавици и хируршки маски, а оние кои доаѓаа да ги изведат тестовите на вирусот имаа и наметки и маски преку целото лице“, рекол патникот.

За агенцијата можноста да се зарази со носење маска и ракавици го објаснил епидемиолого Дејвид Фисмен од Универзитетот Торонто.

„Има многу начини да се пренесе заразата, дури и доколку носите маска. Хигиената на рацете, допирање на маската по кое не се мијат рацете, носење маска но контакт на очите со контаминирана рака…. Се случува… Личната заштита само го намалува ризикот, не го елиминира“, рекол Фисмен.