
Тримесечно девојченце во кинеската провинција Хаинан е излечено од новиот сој коронавирус, и најмладиот пациент на островот веќе е отпуштен од болница, се наведува во сооштението на властите на градот Хаикоу.
Девојченцето беше првото и најмалото дете во островската провинција, кај коешто беше потврдена дијагнозата. Тоа се родило и живеело со родителите во округот Ханчуан, во округот Ксиаоган, во провинцијата Хубеи, која е епицентарот на ширењето на вирусот кој предизвикува пневмонија. Во текот на празниците на кинеската лунарна нова година, нејзиниот семејство, како и милиони други, се решило да земине на традиционалното повеќедневно патување низ земјата.
На почетокот, со автомобил семејството стасало во Вухан на 20-ти јануари, по што заминале на една од петте свети планини на таоизмот – Хенгшнан во провинцијата Хунан, а оттаму на 25-ти јануари пристигнале во градот Хаикоу.
Во еден од хотелите во градот биле ставен под медицински надзор, утрото на 26-ти јануари со брза помош биле однесени во карантин и на лекување. Благодарејќи на брзото откривање на болеста и навременото започнувањето на третманот, девојченцето било цело излечено и на 11-ти февраури со родителите ја напуштило болницата.