Силк Роуд Банка АД Скопје како ексклузивен лиценциран партнер во државата на брендот American Express на 13.02.2020 година (четврток) во ресторанот Mosh Bar Food Apartments организираше коктел забава насловена како „Кога бизнисот станува пријателство“.
На покана на банката која е единствена банка во државата со целосен швајцарски капитал, присутна беше и амбасадорката на Швајцарија во Македонија Н.Е. Сибил Зутер Техада.
„Дозволете ми од името на Силк Роуд Банка и American Express да Ви посакам искрено добредојде на овој настан, чија главна цел е спојување на бизнисот и пријателството. Ја користам можноста да Ви се заблагодарам за вашето денешно присуство, но пред се за досегашната успешна соработка, за довербата и лојалноста којашто ни ја укажувавте изминатите 12 години, колку што сме ексклузивен партнер на брендот American Express кај нас. Бидете уверени дека и во иднина секогаш ќе ви бидеме достапни за да ги реализираме вашите потреби за патување, овозможувајќи брза и квалитетна услуга, со многу нови производи и услуги и секако уште поголема мрежа на клиенти и трговци за прифаќање на Аmerican Еxpress картичките“, изјави пред присутните клиенти, соработници и бизнис партнери Кристина Томовска, Директор на секторот за население во банката.
Картичките American Express се познати по бројните привилегии кои ги нудат на своите корисници при патувања во земјата и странство, овозможувајќи брза и квалитетна услуга и сигурност во направените трансакции, како и по единствената „Твој бонус“ програмата која нуди можност за поврат на средства.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од настанот.