Две лица, државјанин на Албанија и еден Италијанец, биле уапсени во средата попладнето во скопскиот трговски центар „Сити мол“, поради сомнение за тешка кражба, известуваат во четвртокот од Министерството за внатрешни работи.
Апсењерто околу 16.30 часот го спровеле полициски службеници од СВР Скопје во Трговскиот центар „Сити мол“, кога ги лишиле од слобода 44-годишниот К.Г.(44) од Албанија и 49-годишниот П.Г. нод Италија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, додаваат од МВР.