Ниту една Влада досега не направи толку многу за да го подигне економскиот стандард и квалитетот на живот на Ромите, но и на сите други граѓани како што тоа го направи Владата предводена од СДСМ, истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска при вечерашната посета на општина Шуто Оризари.
– Оваа Влада предводена од СДСМ вложува во граѓаните. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и сега четиричлено семество добива месечен надоместок од 10.700 што е многу повеќе отколку надоместокот од околу 50 евра што претходно со години ги добиваа. Сите деца меѓу кои и ромските деца, денес имаат право на детски и образовен додаток. Повеќе од 27.000 домаќинства добиваат гарантирана минимална помош зголемена за 300 отсто и 34.000 деца добиваат детски додаток. Дополнително ја зголемивме и минималната плата за таа да биде достоинствена за работниците, рече потпретседателката Царовска.
Освен за економските мерки, Царовска зборуваше и за решавање на станбениот статус на ромски семејства во неколку општини.
– Во Кочани ги преместивме ромските семејства од касарната во други места за живеење. Да не ги заборавиме нашите сограѓани кои со години живееа под Кале во супстандардни услови, за нив направивме две места за живеење, едно во Визбегово, другото во Општина Гази Баба. Но продолжуваме понатаму, нас ни е важно Ромите да ги видиме на сите позиции, да имаат целосна застапеност, а тоа ќе постигнеме само ако го поддржиме овој концепт на едно општество за сите, порача Царовска.
Царовска присуствуваше и на партиски настан кадешто се поделија 200 нови книшки на нови членови на СДСМ.