
На булеварот Трета македонска бригада во близина на поликлиниката „Пролет“, настрада велосипедист. Несреќата се случила кога возилото сакало да влезе во едно од складиштата кои се во непосредна близина, објави Плусинфо.
Според кажувањето на возачот, во моментот кога сакал да влезе во дворот, оттаму излегувал камион, при што ја намалил брзината и кога заминал камионот што го пропречувал видикот, велосипедистот удрил директно во автомобилот.