
Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави и оцени како „импресивно“ враќањето на демократот Џо Бајден во трката за претседателската номинација на Демократската партија, кој би можел да биде неговиот противник на претседателските избори на 3-ти ноември.
„Мислам дека изборите изминатата вечер беа одлични. Тоа е големо, неберојатно враќање на Џо Бајден… Пред Џо сега е најлесниот пат кон номинацијата“, коментираше Трамп пред новинарите во Белата куќа за успешната вечер на поранешниот потрпетседател на Барак Обама во текот на тин „Супервторникот“.
На прашањето за американскиот милијардер и поранешен успешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, кој по разочарувачките резултатите најави повлекување од трката за демократската номинација, Трамп оцени дека се изложил на потсмев.
„Тој ќе се обиде да си го спаси угледот со инјектирање многу пари во кампањата на Бајден. Ќе видиме, но не мислам дека тоа ќе има влијание. Единствената работа којашто ја докажаа овие предизбори е дека не може да ги купи изборите“, додаде Трамп.
Блумберг, еден од најбогатите луѓе на планетата со удели во највлијателните американски медиуми, доцна влезе во кампањата и со првични половина милијарда долари сопствени пари финансираше рекламни спотови и бројни тимови на теренот.
Трамп, исто така, изрази уверување дека уште еден од демократските кандидати, сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, е време да ја напушти трката, бидејќи нема никакви шанси за успех. Според оцената на републиканскиот претседател, Ворен само му одземала гласови на сенаторот од Вермнонт, Берни Сандерс, ослабувајќи го и спречувајќи го да се концентрира на битката со Бајден.
Како резултат од гласањето на демократските избирачи во 14 сојузни држави на ткн „Супертворник“, внатрепартиската борба кај демократите за номинација за изборите во ноември ќе продолжи меѓу Сандерс и Бајден.
„Доколку Ворен го поддржеше Сандерс, ситуацијата сега ќе беше поинаква“, смета Трамп. Оценува дека позицијата на Сандерс во тој случај би била многу посилна, и ќе му било полесно да се бори со Бајден за правото да се кандидира за претседател од Демократската партија.
Според пресметките на весникот The New York Times, во моментов Бајден обезбедил поддршка од 404 делегати за националната конвенција на Демократската партија. Сандерс, пак, обезбедил 340 делегатски гласови, а Ворен ја има поддршката од 36 делегати и таа не може сериозно да им конкурира на двајцата,
За да се освои номинацијата за претседателски кандидат на демократите во првиот круг од гласањето на националната конвенција, коајшто ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули во Милвоки, сојузната држава Висконсин, претендентот треба да обезбедо 1.991 глас.