Украинскиот Парламент му изгласаа недоверба на државниот обвинител

Украинските пратеници му изгласаа недоверба на државниот обвинител Руслан Рјабошапка, откако претседателот Володимир Зеленски изјави дека тој е неефикасен.

Според директорот на украинската истражна служба Рјабошапка блокирал стотици истраги за корупција во земјата.

Можно е следниот државен обвинител да биде номиниран следната недела.

Парламентот завчера ја прифати оставката на премиерот Олексиј Хончарук, кого Зеленски исто така го обвини за неефикасност во борбата против корупцијата.