Владата на Обединетото Кралство потрошила најмалку 4,4 милијарди фунти на даночните обврзници за подготовките за напуштањето на Европаката унија, објави во петокот бирото за ревизија, во првите детални прогнози за трошоците кои ќе произлезат од брегзитот.
Државното биро за ревизија (NAO) во извештајот вели дека парите во најголема мера се потрошени на трошоци за службенциите, градење нова инфраструктура и плаќање на надворешни советодавни услуги.
За персоналот се потрошени 1,9 милијарди фунти, за новите системи во инфраструктурата 1,5 милијарди, а за надворешните советници 288 милиони фунти.
На врвот од процесот на брегзитот, кога се чинеше дека Британија може да излезе од ЕУ без договор минатиот октомври, на брегзитот работеле најмалку 22.000 владини службеници.
„Овој извештај првпат донесува јасна слика за тоа колку владата потрошила и на што се потрошени тие пари“, изјави директорот на NAО, Гарет Дејвис.
Велика Британија ја напушти ЕУ на 31-ви јануари, во најголемот геополитички пресврт последните децении, 47-те години членство во Унијата.
Поради тоа, меѓу другото, мораше да спроведе обука на царинските службеници, и да вработи повеќе луѓе за преговорите за трговските договори.
Повеќе од половината од парите ги потрошиле министерството за заштита на природната околина, храна и рурални области, министерството за внатрешни работи, како и царинската и даночната управа.
Во извештајот на NAO се нагласува дека станува збор за најниската процена, како и дека трошоците би можеле да бидат многу поголеми.
Договорениот преоден период меѓу Брисел и Лондон трае до крајот на годинава, до кога правилата на ЕУ ќе се применуваат и натаму за да им се овозможи на двете страни да се обидат да дојдат до договор за одните односи.