Телекомуникацискиот оператор ОНЕ го збогатува своето ИТ портфолио на услуги со три Cloud решенија кои на корисниците ќе им овозможат поедноставно деловно работење. Почнувајќи од 10 јуни ОНЕ нуди: Електронска архива, Софтвер за управување на односи со клиенти и Виртуелен Приватен сервер.
Електронска архива е апликација развиена согласно законските нормативи кои се на сила за оваа дејност. eArhivaCloud овозможува прифаќање, складирање, споделување, управување, пребарување и дистрибуција на документи. Дополнително нуди и информација за статус на секој влезен и излезен документ во компанијата, како достава на документи по електронски пат. Во зависност од потребите и бројот на корисници во компанијата, компаниите можат да изберат еден од трите основни пакети:
eArhivaCloud S за месечна претплата од 3.199 денари
eArhivaCloud M за месечна претплата од 6.199 денари и
eArhivaCloud L за месечна претплата од 11.199 денари
Софтвер за управување на односи со клиенти е решение кое овозможува да се организираат, автоматизираат и синнхронизираат продажбата, маркетингот, услугите и техничката поддршка на клиентите. За eCRMCloud – Софтверот за управување на односи со клиенти не е потребна инвестиција во опрема, нема трошоци за одржување, а истиот овозможува лесен и брз пристап од било каде во светот, едноставно импортирање и експортирање на податоци, посебна база на податоци за секој корисник со интуитивен и прегледен интерфејс. Во зависност од потребите, компаниите можат да изберат еден или комбинација од трите основни модули: модул за продажба, модул за маркетинг и модул за поддршка спакувани во три eCRMCloud тарифни модели:
eCRMCloud S за месечна претплата од 699 денари
eCRMCloud M за месечна претплата од 1.099 денари и
eCRMCloud L за месечна претплата од 1.499 денари
Виртуелен приватен сервер овозможува пристап кон неопходните серверски ресурси, без инвестиција во хардвер и без трошоци за одржување. Со VPS сервисот корисниците добиваат сервер со кој секогаш ќе ги имаат потребните ресурси за зачувување и обработка на податоците, како и контрола на искористените ресурси. Во зависност од потребите: капацитетот на RAM, HDD и процесирачка моќ (број на CPU), корисниците можат да изберат еден од двата основни VPS пакети:
VPS S за месечна претплата од 2.099 денари и
VPS M за месечна претплата од 3.899 денари
Со VPS сервисот корисниците може и сами во зависност од потребите динамички да си ги зголемат капацитетите на RAM и процесирачка моќ (број на CPU) на одредено време додека имаат потреба за зголемени капацитети.
Дополнително, за определен месечен паричен надоместок, корисниците можат да добијат и соодветни лиценци за софтверски решенија.