
Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави во понеделнокот вечерта дека мерките за ограничување на движењето, чија цел е да се сузбие ширењето на новиот тип коронавирус во земјата, ќе бидат воведен на територијата на целата земја.
Укажа дека последните бројки покажале нов значителен пораст на бројот на лицата кои се сместени на одделите за интензивна нега, како и починати.
„Нашите навико мора да се променат сега: сите ние треба да се откажеме од нешта за доброто на Италија. Повечќе нема да има црвени зони 1 и 2, туку целата Италија ќе бдие заштитена зона“, изјави Конте во текот на прес-конференцијата посветена на ситуацијата со епидемијата на коронавирусот во Италија, опишувајќи ја мерката сумриана во изразот „останувам дома“.
Посочи дека новите мерки ќе стапат на сила од утрото во вторникот. Тие вклучуваат „движење само во случај на неопходност и итност, поради работа или здрвјето“, и „забрана за масовни собири и на отворени простори“, додаде Конте.
„Со оглед на најновите податоци, зголемување на бројот на случаите на зараза и смртните исходи, решивме да ги прошириме мерките кои се однесуваа на Ломбардија и некои други зони, на целата територија на земјата“, објави Конте во обраќањето пренесувано преку социјалните мрежи.
Претходно во понеделникот вечерта беше објавено и дека како мерка во справување со епидемијата е донесена одлука од вторникот да бидат затворени сите ски-центри на северот од Италија.
Во Италија според последните официјални резултати во понеделникот, има 7.985 пациенти со коронавирусот, со пораст од 1.598 лица во однос од неделата, соопшти во понеделникот главниот комесар на Службата за цивилна заштите, Анџело Борели на прес-конференција.
Додаде дека бројот на смртните случаи во последното деноноќие се зголемил за 97, и сега во Италија се потврдени 463 смртни исходи поврзани со новиот коронавирус. Покрај тоа, 733 пациенти се сместени на одделите за интензивна нега, 83 повеќе од ден претходно.
https://www.facebook.com/GiuseppeConte64/videos/200926397811043/
https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=-1yPaN2RLZw&feature=emb_title