Рамчиловиќ: Најголемите негативни работи за Бошњаците и муслиманите се направени од левичарските партии

Најголемите негативни работи за Бошњаците и воопшто муслиманите се направени од страна на власта предводена од левичарските партии во Македонија говореше своевремено  Зеќир Рамчиловиќ кој на претходните избори стана пратеник како дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на овие избори се најде на листата на СДСМ на 10 место во Изборната единица 3.

Рамчиловиќ соработката со СДСМ ја започна откако гласаше за уставните измени за промена на името на Република Македонија и беше дел од т.н. осумка независни, а потоа ги напушти и нив и беше награден со потпретседателското место во Собранието. Лојалноста кон Заев и СДСМ на Рамчиловиќ не изостана и при гласањето за законот за јавно обвинителство, па затоа и не е зачудувачки што сега се најде на пратеничка листа на СДСМ, анализира ВЕЧЕР.

Воедно во овој период стигна и уште една награда, кога медиумите објавија дека неговата сопруга е вработена во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница.

Но, да се потсетиме каков став имаше Рамчиловиќ за СДСМ и Зоран Заев и какви ставови тој сега застапува.  Имено тој во интервју за порталот „TE SHESHI“ од Албанија, во декември 2016, насловено како „Зошто сум во „десница“, а не во „левицата“ на Заев“ изјави дека најголемите негативни работи за Бошњаците се направени од левицата, а не им ја заборави и територијалната поделба кога беше укината единствената општина Житоше која веќе имаше над 20% Бошњаци.

Целата вест прочитајте ја на ВЕЧЕР