Стапија на сила санкциите коишто ги објавија американските официјални претставници пред неколку недели, пишуваат тамошните медиуми. Според нив, мерките започнале од синоќа, со што се откажува инвестицијата на „Милениум челинџ корпорејшн“ (МЦЦ) која од денеска требала официјално да започне да инвестира во Косово во три клучни проекти во вредност од околу 200 милиони евра.
Врз основа на преписката на МЦЦ во која „ИнФокус“ имал увид, во агендата на американската компанија било планирано месеци однапред да започнат со инвестиции во Косово во три клучни проекти во вредност од околу 200 милиони евра, пишува Зери.
Проектите. како што се наведува, се фокусирани на енергетскиот сектор, особено на косовскиот електроенергетски систем, а целта била енергетската стабилност и инвестициите во производството за да се создаде енергетскиот баланс на Косово со Европа.
Сепак, како што објави „Инфокус“, најавените санкции започнале синоќа. Тимот од Вашингтон, требал заедно со изведувачите „Black & Veach“, кои биле вклучени во подготовката на прелиминарните физибилити студии за трите енергетски проекти на МЦЦ и косовската влада, вчера да ја посетат Приштина, но тоа не се случило.
„Покрај економските санкции, САД се заканија на Косово со повлекување на своите трупи доколку не се укинат царините веднаш и безусловно“, пишува Зери.