Лажните ветувања за живот и за економски процут се претворија во општ грабеж, економски колапс и уназадување на државата, реагира ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Македонија има највисока стапка на корупција и е во друштво со африканските земји. Македонија има над 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија. Македонија има 70 проценти граѓани кои земаат плата помала од просечната. Македонија во време на Зоран Заев има историски најмала реализација на капитални инвестиции во услови кога долгот галопирачки расте и надмина над 5 милијарди евра“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се вистинските економски неуспеси и порази за кои Зоран Заев и СДСМ се виновни, сметаат од опозициската партија и посочуваат дека економската обнова на Македонија ќе почне со поразот на Зоран Заев и неговите погрешни и штетни политики.
„Народот знае дека ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која што може да донесе одржлив економски раст стабилно стопанство и подобар живот на граѓаните. Затоа и граѓаните на претстојните избори во огромно мнозинство ќе ја дадат својата поддршка на ВМРО ДПМНЕ. Залудни се флоскулите и новите лаги на СДСМ, во нив веќе не веруваат ниту нивните членови. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да и замине од политиката“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.